Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најдоа заеднички јазик за нуклеарната програма на Иран

Најдоа заеднички јазик за нуклеарната програма на Иран

Иранскиот претседател Хасан Рухани, изјавил дека е постигнат договор за „клучните параметри“ на преговорите во швајцарскиот град Лозана за нуклеарната програма на неговата земја.

Според неговите зборови, конечниот договор ќе биде подготвен до 30 јуни.

„Постигнат е договор“ за клучните моменти од договор со Иран, ова пак го напишал на Твитер германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер.

Претходно за „најдено решение“ на преговорите меѓу „шесторката“ и Иран објавија „Tweety“ и иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Зариф.

Во врска со преговорите Иран ќе ги намали центрифугите од 19 000 на 6.000, тврдат ирански медиуми за постигнатата согласност во Лозана за нуклеарната програма на земјата.

Агенција „Ројтерс“ објави дека преговарачите се договориле за голем дел од иранскиот ураниум да биде изнесен во странство.

Целта на разговорите во швајцарскиот град беше помеѓу Иран и „шесторката“ (САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија) за да не му се дозволи на Иран да произведува нуклеарно оружје.

Слично

Поврзани вести