Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан

Украина изврши најдлабок напад на руска територија и погоди рафинерија оддалечена 1.500 километри. Цел на нападот била руската рафинерија Гаспром Нефтехим Салават во Башкортостан.

„Украинска правда“ информира дека нападот е извршен со дрон „SSU“, а со погодување на целта поставен е рекорд во однос на оддалеченоста на објектот.

Се работи за една од најголемите компании за рафинирање на нафта и петрохемиско производство во Русија, специјализирана за производство на бензин, дизел гориво и други видови нафтени деривати. Нападот го потврдија и руските медиуми. САД еднаш ја предупреди Украина да не гаѓа руски рафинерии, затоа што тоа влијае на цената на горивата, но Украина продолжи со напади. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. 

Слично

Поврзани вести