Најдено проштално писмо од терористот од Шпанија
Еден од терористите од Шпанија оставил проштално писмо за своето семејство.
Во него ги моли родителите да му простат за штетите кои ќе ги предизвика.
Саид Ала (18) оставил порака во фиоката во ормарот пред да го убие полицијата во Камбрилс.
Рачно напишаното писмо го објави Ел мондо, а најдено е при претрес во неговата куќа во Риполиј.
„Ги молам да ми простат оние кои наскоро ќе ги повредам. Благодарам за сѐ што направивте за мене“ - напишало момчето.
Родителите велат дека имам им го „затрул“ умот на нивните деца.
Слично
