Најдено куќиштето на втората црна кутија, но не и содржината!
Куќиштето на втората црна кутија од урнатиот „Етбас А 320“ на германската авиокомпанија „Верманвингс“ е „најдено“ но и не и содржината, рекол францускиот претседател Франсоа Оланд, ден после стравичниот пад на авионот во француските Алпи.
Оланд говореше на конференцијата за печат во местото Сен-Лез Алп заедно со германската канцеларка Ангела Меркел и шпанскиот премиер Мариан Рахој.
Тројцата лидери денес дојдоа да го посетат местото каде се случила несреќата во јужниот дел на француските Алпи, во која загинаа сите 150 патници повеќе Германци и Шпанци.
Оланд рекол дека француските истражувачи ќе направат се што можат да ги потврдат причините за катастрофата.
Втората црна кутија е снимач на податоците од летот, и може да чува 25 часа информации за положбата и состојбата речиси на секој поголем дел на авионот.
Првата црна кутија, е доста оштетета, најдена е синоќа, а денес гранцуските истражувачи објавиле дека успеале да ги извлечат „употребливите“ податоци од тој уред но дека во оваа фаза немаат никакво објаснување за причините на падот на авионот.
Истражувачите меѓутоа во оваа фаза ненмаат „ни објаснување“ за причините на несреќата, рекле експертите.
Францускиот мин истер за внатрешни работи Брнар Казнев потврди вчера дека е пронајдена една црна кутија пд авионот на германската компанија и дека податоците од неа веднаш ќе бидат анализирани.
Авионот „Ербас А320“ се урна во вторникот во Алпите на југот од Франција, 100 км северно од Ница, додека леташе од Барселона во Дизелдорф, а во несреќата загинаа 144 патници и шест членови на екипажот.
