Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најдени се тела на 22 ерменски војници во Нагорно-Карабах

Најдени се тела на 22 ерменски војници во Нагорно-Карабах

Во регионот Нагорно-Карабах пронајдени се тела на 22 ерменски војници.

Спасувачките екипи кои работат во службите за итни случаи во Нагорно-Карабах пронашле 22 ерменски војници, чии тела биле отстранети од локациите каде што имаше воени операции.

„Спасувачки екипи ги отстранија телата на 22 војници од Гордајиз, Џебраил и Ишхандазор“, се вели во соопштението од Министерството за вонредни состојби на Нагорно-Карабах, чија содржина ја пренесе агенцијата „Тасс“.

Во регионот од 9 ноември на сила е примирје, а руските мировници го следат спроведувањето на договорот.

Руски војник завчера загина за време на деминирањето на пат во Нагорно-Карабах, информираа од руското Министерство за одбрана. Тој загинал на патот во близина на Шуша, каде експлозивна направа е детонирана. 

Во Ерменија има големо незадоволство поради потпишаниот договор. 

Слично

Поврзани вести