Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најдени се изгорени коски во пустина во Мексико, луѓето настрадале во борбите на нарко картелите

Најдени се изгорени коски во пустина во Мексико, луѓето настрадале во борбите на нарко картелите

Во пустина во Мексико се најдени скелети и изгорени коски. Остатоците ги пронашле волонтери од организацијата „Мајки во потрага“ на тајно место во пустината на северната мексиканска држава Сонора. Волонтерите се главно мајки што ги бараат своите исчезнати деца. Локацијата во Санта Ана ја нарекоа логор за истребување. 

Како што објави агенцијата АП, тие не навеле колку тела се пронајдени, а државните обвинители изјавиле дека станува збор за коски на три или четири лица.

Во Сонора имаше крвави борби меѓу нарко картелите. Тоа резултираше со над 95.000 исчезнати луѓе. 

Повеќе од 93.000 луѓе исчезнаа од 2006 година кога владата почна војна против организираниот криминал.

Неодамна беше објавено дека лани во Мексико се убиени над 1.000 жени. 

Слично

Поврзани вести