Најдени се 900 тела на убиени цивили кај Киев
Тела на убиени цивили се најдени близу главниот град на Украина, Киев.
Властите велат дека убиените се цивили и дека немаат никаква врска со воени формации.
„Пронајдовме тела на 900 мртви цивили и им ги предадовме на форензичарите“, изјави на брифингот началникот на полицијата на Киевската област, Андриј Небитов.
Небитов рече дека повеќе од 350 тела биле извлечени од Буча.
„Отстранувањето на урнатините во Бородјанка и Макарово се уште трае, а под урнатините ќе има уште тела на загинатите“, додаде тој.
Според прострелните рани се смета дека многумина едноставно биле егзекутирани. Поминаа 50 дена од почетокот на војната во Украина. Русија бара Украина да биде воено неутрална, да се денацифицира, а Крим, Доњецк и Луганск да се припојат кон Русија.
foto EPA/MARTIN DIVISEK
