НАЈДЕНИ СЕ 27 ТЕЛА: Колумбискиот претседател тврди дека Еквадор погодил цели на нивна територија
Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави дека 27 јагленисани тела се пронајдени откако Еквадор бомбардирал цели на границата, додека еквадорскиот претседател Даниел Нобоа негираше дека целите се во Колумбија и дека неговата земја бомбардира цели на своја територија за кои постои сомневање дека има засолниште на трговци со дрога, објави Индипендент.
„Јас не ја дадов наредбата“, напиша Петро на платформата X, додавајќи дека колумбиските безбедносни сили не ги извршиле бомбашките напади, објави Ројтерс.
Нобоа напиша на платформата X порано денеска дека изјавите на Петро се неточни и дека тие дејствувале на своја територија.
Петро вели дека нападите не ги извршиле бунтовнички групи.
foto X
Слично
