Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најдени се 26 тела, но се очекуваат повеќе жртви во Бородјанка

Најдени се 26 тела, но се очекуваат повеќе жртви во Бородјанка

Kaко што јавуваат украинските власти, 26 тела се најдени под две урнати згради во градот Бородјанка. 

Државната обвинителка Ирина Венедиктова изјави дека 26 тела се пронајдени под две урнати згради во Бородјанка, околу 23 километри западно од Буча, пренесува Ројтерс.

Таа ги обвини руските војници дека извршиле воздушни напади врз градот. 

„Бородјанка е во најлоша ситуација во смисла на разурнатост и неизвесност околу бројот на жртвите“. 

Вели дека бројот на жртвите во Бородјанка ќе биде поголем од каде било, но не наведе повеќе детали.

Претходно, во Буча имаше масакр на цивили, но Русија отфрла дека нивни војници го сториле тоа. Денеска е 43-от ден од почетокот на војната во Украина. 

Слично

Поврзани вести