Најдени два пиштола до местото на убиството на Немцов
На дното на реката Москва до Големиот Москворецки мост, каде беше убиен рускиот опозиционер Борис Немцов во крајот на февруари, се пронајдени два пиштоли, соопштува „Интерфакс“, повикувајќи се на извор запознаен со текот на истрагата.
Според изворот едниот пиштол не е поврзан со убиството, а за вториот се уште се чекаат резултатите од експертизата и најверојатно со тој е убиен опозиционерот.
„Нуркачи внимателно и секојдневно го проверуваат дното на реката Москва во близина на Големиот Москворецки мост“, изјавил претставникот.
Тие најдоа два пиштола. Направената експертиза на едниот пиштол покажува дека тој не е оружјето од убиството, но се уште не е завршена експертизата на вториот пиштол, прецизира тој.
Руските власти успсија пет лица во врска со убиството на Немцов. Уапсените се жалат на наметнатата против нив мерка. Според полицијата главниот осомничен за убиството на Немцов е Заур Дадаев.
