Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈДЕНА Е ЦРНАТА КУТИЈА: Само двајца ја преживеале авионската несреќа во Пакистан

НАЈДЕНА Е ЦРНАТА КУТИЈА: Само двајца ја преживеале авионската несреќа во Пакистан

Најмалку 97 загинати и двајца преживеани има во авионската несреќа која се случи вчера во Карачи, Пакистан. 

Во авионската несреќа преживеале само две лица. Авионот превезувал 91 патник и 8 членови на екипажот. 

Пакистанското Министерство за здравство информираше дека се идентификувани  телата на починатите и истите се извлечени од местото на несреќата. Пакистанскиот авион „Ербас А320“, се урна во населено место непосредно пред да слета на аеродромот во Карачи.

Пронајдена е црната кутија, објави денеска претставникот на авиокомпанијата „Пакистан интернешнал ерлајнс“, Абдулах Кан.

Авионот летал од градот Лахоре до Меѓународниот аеродром Џинах во Карачи, кој е еден од најфреквентни аеродроми во земјата.

Слично

Поврзани вести