Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈЦРН ДЕН ДОСЕГА: Индија има над 4.000 починати

НАЈЦРН ДЕН ДОСЕГА: Индија има над 4.000 починати

За еден ден во Индија има над 4.000 починати. 

Земјата регистрира повеќе од 412.000 нови случаи во последните 24 часа.  Од почетокот на пандемијата вирусот однесе повеќе од 230.000 животи, а регистрираните позитивни случаи се повеќе од 21 милион. Мртовечниците  и болниците се преполни, а многумина починале и во возилата на итна помош или на паркинзите, чекајќи кревет или кислород.

Од 1,3 милијарда жители во Индија, скоро 70 проценти живеат во рурални места, каде потешко се добива здравствена заштита. 

Како што објави СЗО, 46 проценти од вкупно регистрираните заразени на светско ниво, се токму во Индија, а воедно и 25 проценти од починатите во светот од коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести