Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈЧИСТА Е ВОДАТА ВО КИПАР: Што е со земјите од регионот?

НАЈЧИСТА Е ВОДАТА ВО КИПАР: Што е со земјите од регионот?

Најновата анализа на Европската агенција за животна средина (ЕЕА), која опфати 22.127 крајбрежни, езерски и речни локации, покажува дека 85 проценти од плажите се оценети како одлични, a Кипар повторно e прогласен за најдобра дестинација за пливачи, додека Хрватска е на петтото место.

Бугарија се искачи за три места и го зазеде второто место. Зад Кипар се Бугарија, Грција и Австрија, па дури потоа е Хрватска. Резултатите од извештајот на ЕЕА за Албанија, сепак, покажуваат дека оваа, има регистрирано најмалку дестинации со одлична вода, само 16 проценти, додека најголем број локации се оценети како лоши, 23 проценти.
Загадувањето со пластика и микропластика дополнително ја влошува ситуацијата. Според извештајот на Меѓународната унија за зачувување на природата од 2020 година, Албанија, по Црна Гора и Северна Македонија, имала трета највисока стапка на пластичен отпад по глава на жител – три килограми годишно, пишува „Еуроњуз“, како што објави загрепскиот N1.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести