Најбогатите во паника, Гардијан објави кој има офшор сметки!
Гардијан ја објави листата сопственици на офшор сметки во Сингапур и на Девствените Острови. Овде се најдоа ќерката на поранешниот претседател на Филипини, Марија Имелда Маркос Маноток, најбогатата колекционерка на уметнички дела во Шпанија, баронесата Кармен Тисен-Борнемиса, сопругата на рускиот вицепремиер Игор Шувалов, Олга Шувалова, ќерките на претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, финансиерот на минатогодишната предизборна кампања на францускиот претседател Франсоа Оланд, Жан-Жак Ожие, како и Денис Рич, поранешната сопруга на скандалозниот трговец со нафта Марк Рич.
Документот предизвика вистинско бранување во јавноста. Станува збор за затаени даноци од над 32 трилиони долари.
„Гардијан“ преку Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство има пристап до хард диск кој содржи 2,5 милиони документи и список на имиња на 130.000 луѓе од 170 држави. Документите покажуваат како функционираат даночни засолништа, трансферот на пари и сомнителните операции, имиња на владини претставници и богати семејства од Англија, Канада,САД, Индија, Пакистан, Индонезија, Иран, Кина,Тајланд, но и од поранешните комунистички земји.
Слично
