Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најбогатите луѓе во светот загубија 9 милијарди долари за еден ден

Најбогатите луѓе во светот загубија 9 милијарди долари за еден ден

Петмината најбогати луѓе на планетата загубија 8,7 милијарди долари по вчерашниот берзански пад, соопштува „Bloomberg“.

Во понеделникот берзанските индекси забележаа сериозен пад, поради слабиот старт на кинеската индустрија во 2016 година и зголемувањето на тензиите помеѓу Саудиска Арабија и Иран.

Вчера сопственикот на „Amazon.com“ Џеф Безос загуби 3,7 милијарди долари, поради падот на акциите на неговата компанија за 5.8%. Како резултат на тоа неговата лична состојба се намали на 56 милијарди долари.

Вториот голем губитник беше најбогатиот Европеец, Амансио Ортега. Сопственикот на модниот гигант „Zara“ загуби 2,5 милијарди долари, поради падот на акциите на неговата компанија за 3,5% со што богатството му се стопи на 70 милијарди долари.

Извршниот директор и главен акционер на „Berkshire Hathaway Inc.“, Ворен Бафет, телекомуникацискиот магнат Карлос Слим и најбогат човек на планетата Бил Гејтс се простија со вкупно 2,5 милијарди долари.

Најпрофитабилен од ситуацијата се покажа инвеститорот Карл Ајка. Личната состојба му се покачила за 210 милиони долари, достигнувајќи 20.1 милијарди долари.

Слично

Поврзани вести