Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најбогатите Европејци не живеат во Европската унија

Најбогатите Европејци не живеат во Европската унија
Истражувањата покажаа дека во Европа најбогати се жителите на Лихтејнштајн, најсиромашни се жителите на Молдавија , додека средината ја претставуваат Шпанците. Според студијата на ГФК, европските потрошувачи располагаат со 8.6 трилиони евра за целокупното трошење и штедење во 2012 година. Просечната куповна моќ на Европејците изнесува 12.802 евра по жител  и во однос на изминатиот период е забележан пораст од 2.1 %. Жителите на водечкиот Лихтејнштјн имаат куповна моќ од 57.000 евра. Далеку зад  нив , следна земја е Норвешка , чии што жители имаат куповна моќ од 32.000 евра. Многу блиску , следна земја е –Швајцарија. Интересно е тоа што првите три земји не се членки на Европската Унија. На четвртото  место следува Луксембург со 28.943 евра по  жител. На спротивната страна, пак, се земјите Косово, Белорусија и Молдавија со куповна моќ помала од 2.000 евра по жител. На пример , жителите на Молдавија располагаат само со 1.257 евра по жител и со тоа мораат да ги покријат трошоцита за храна , домување, разни услуги и сите други трошоци. Тае не е ни една десеттина од европскиот просек  на кој се наоѓа Шпанија со 12.943 евра.
Слично

Поврзани вести