Најбогатите арапски земји не прифаќаат ниту еден бегалец!
Ниту една од петте најбогати земји од Персискиот Залив - Саудиска Арабија, ОАЕ, Катар, Кувајт и Бахреин, не прифатиле ниту еден бегалец до овој момент, пишува весникот „Дејли мејл“.
Над четири милиони Сиријци ги напуштија своите домови поради граѓанската војна и теророт и повеќето од нив живеат во преполни бегалски кампови во Турција, Либан, Јордан, Египет и Ирак. Други преземат ризици исполнети со смртоносни опасности за патување кон Европа, каде тече остра дебата помеѓу политичарите во врска со бројот на бегалците кои европските земји треба да ги прифатат.
Во оваа ситуација супербогатите земји од Персискиот залив одбиваат да прифатат дури и еден сириски бегалец.
Директорот на меѓународната хуманитарна организација „Амнести интернешенел“ за правата на бегалците и мигрантите Шериф Елсаид Али го опишува ова однесување како „срамно“. „Однесувањето на земјите од Заливот е ужасно од гледна точка на сочувство и споделувањето на одговорноста на оваа криза ... тоа е срам“, вели тој.
Ниту една земја од Заливот не е потписник на Конвенцијата за бегалците од 1951 година, која утврдува дека бегалец е човек „кој се наоѓа надвор од својата земја“, бидејќи „се плаши од гонење на расна, верска“ основа. Сиријците, и покрај тоа, можат да аплицираат за скапи туристички визи и дозволи за работа, за да можат да влезат во богатите персиски земји, но добивањето на такви документи е голема реткост, посочува „БиБиСи“.
Предметните пет земји од Заливот, чиј вкупен буџет надминува 65 милијарди фунти, мислат дека со пуштање на голем број сириски бегалци на нивната територија ќе се стави под сериозна закана безбедноста на граѓаните, зашто меѓу имигрантите можат да се кријат и терористи.
