Најбогатите 300 луѓе во светот имаат 3,7 трилиони долари – 2013-та беше плодна година за милијардерите
Најбогатите луѓе во светот станаа уште побогати во 2013 година , додавајќи 524 милијарди долари кон општата состојба според индексот на милијардери на Bloomberg , кој ги следи секојдневно промените во состојбата на 300-те најбогати луѓе во светот.
Општата состојба на најбогатите изнесувала 3,7 трилиони долари при затворањето на пазарите на 31 декември, покажува рангирањето . Најголем раст е забележан во технолошкиот сектор , каде што порастот е од 28% за годината . Од 300-те лица во рангирањето, состојбата само на 70 се намалила за изминатите 12 месеци.
Бил Гејтс, основач и претседател на Microsoft Corp . е човекот , кој заработил најмногу пари во текот на минатата година. 58-годишниот Гејтс ја зголемил состојбата за 15,8 милијарди долари до 78.5 милијарди долари , според индексот , откако цената на акциите на Microsoft се зголемија за 40% . На 16 мај Гејтс си ја врати титулата најбогат човек во светот од мексиканскиот инвеститор Карлос Слим. Состојбата на Гејтс се зголемила во текот на годината и како последица на поскапувањето на акциите во други компании како Canadian National Railway Co . и Ecolab Inc .
Денес, компаниите од американскиот индекс S & P 500 чинат 3,7 трилиони долари повеќе отколку што чинеле пред 12 месеци . Шпекулативниот пазар , кој започна во екот на кредитната криза , влегува во шестата година поткрепен со нулта каматни стапки и верувањето меѓу инвеститорите дека конечно е сигурно да поседуваш акции.
Шелдон Аделсон , основач на Las Vegas Sands Corp . , најголемиот казино оператор во светот , е вториот најпрофитабилен минатата година, додавајќи 14,4 милијарди долари кон состојбата, откако акциите на компанијата поскапеа за 71 % .
Карлос Слим загубил 1,4 милијарди долари во 2013 година. Акциите на неговиот мобилен оператор America Movil SAB поевтинија за 12% во првиот квартал , откако мексиканскиот парламент усвои закон за ограничување не пазарната доминација на компанијата. Слим води со 51 милијарди долари против најбогатиот Бразилец, Жорже Паоло Леман, кој е и вториот најбогат човек во Латинска Америка . Третиот најбогат, пак, е колумбиецот Луис Карлос Сармиенто кој контролира над една четвртина од финансиската индустрија на земјата преку четири јавни банки, кои формираат седиште во Богота, Grupo Aval . Неговата нето состојба е намалена за 7.4 % до 16.7 милијарди долари во текот на годината.
Сепак, никој не изгубил повеќе минатата година од Бразилецот Аике Батиста , чие богатство се намали за над 12 милијарди долари во текот на годината . Неговата компанија OGX Petroleo & Gas Participacoes SA , поднесе барање за стечај во октомври . Батиста беше осмиот најбогат човек во светот во март 2012 година , а сега има само обврски , според рангирањето на Bloomberg .
Од Bloomberg News откриле 109 нови милијардери во 2013 година, кои никогаш не се појавувале во меѓународна класификација на богаташи. Меѓу нив е и 31-годишната Линзи Торес , најмладата жена милијардер во САД . 31-годишната Торес е наследничка на синџирот за брза храна In- N- Out Burger. Основачот на Shutterstock Inc . Џонатан Оринджер стана првиот милијардер од њујоршки стартап , откако цената на акциите на неговата компанија скокнаа за 222 % . Оринджер го формира Shutterstock во 2003 година со 30 000 сопствени фотографии. Во моментов состојбата му се проценува на 1,5 милијарди долари.
Најмногу профитабилен во технолошкиот сектор е основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг кој додаде 12.4 милијарди долари на статусот, откако цената на акциите на Facebook Inc . се удвои . Минатиот месец Цукерберг продаде акции за над 2 милијарди долари и подари уште 1 милијарда долари на Silicon Valley Community Foundation .
Состојбата на Лери Пејџ и Сергеј Брин , основачите на Google Inc . , скокнала за околу 10 милијарди долари. Годината не беше толку добра за Стивен Коен , основач на SAC Capital Advisors LP . Компанијата забележа 20% раст за 2013 година , но хеџфондот на 57-годишниот Коен , кој управува со 14 милијарди долари , склучи договор за 1,8 милијарди долари , за да стави крај на истрагата против компанијата за инсајдерски тргувања.
Дали Каш Шин останува најбогатиот азиец со состојба оценета на 30.2 милијарди долари . 85 -годишниот бизнисмен ги контролира Cheung Kong Holdings Ltd . и конгломератот Hutchison Whampoa Ltd .
Најпрофитабилен во Азија минатата година беше казино магнатот од Макао, Луи Че Ву, кој го зголеми богатството за 14,2 милијарди долари . Неговата компанија Galaxy Entertainment Group Ltd . држи една од шесте лиценци за коцкање за Макао . Компанијата контролира скоро 20 % од пазарот таму.
Титулата на најбогатиот Кинез го смени носителот на два пати минатата година. Милијардерот Цун Цинхоу е поместен од челната позиција во август од страна на сопственикот на Dalian Wanda Group, Ванг Џиенлин . Претседателот на Fast Retailing Inc . Тадаши Јанаи кој е најбогат Јапонец, ја заврши годината со состојба во износ од 20,9 милијарди долари , или 66% повеќе во споредба со претходната година. Богатството на претседателот на SoftBank Corp . Масајоши Сон пак се удвои до 19 милијарди долари . Амансио Ортега ја задржи титулата на најбогат Европеец. Акциите на неговата компанија Inditex SA поскапеа за 14% во текот на годината . Милијардерот купил деловна зграда во Лондон вредна 410 милиони фунти (679 милиони долари ).
А.А.

Слично