Најбогатиот украинец – посредник за смирување на страстите меѓу Киев и Москва?
Најбогатиот Украинец бара начини да го прекине лошoтo противење меѓу украинската влада и проруските сепаратисти, откако Москва го обвини Киев дека ја турка земјата во граѓанска војна, пишува Financial Times.
Милијардерот Ринат Ахметов, кој ги контролира половина од челичната, рударската индустрија и производството на електрична енергија од термоцентрали во земјата, ги повика сепаратистите на преговори со властите, пред да се дојде до посериозна конфронтација.
Ахметов, кој беше приврзаник на поранешниот претседател Виктор Јанукович и е родум од Доњецк, изразил согласност за некои од прашањата покренати од приврзаниците на Русија, според блиски до него извори. Тој предложил да ја исполнува улогата на посредник и да ја пренесе загриженоста на руско говоречкото население во регионот на властите. Исто така Ахметов ги поддржал барањата за делегирање на поголеми овластувања за самоуправа на регионите во Украина.
"Подготвен сум на сè и ќе застанам до вас. Давам работа на 300 илјади лица. Кои од вас се подготвени да дојдат со мене на разговори со властите? Изберете помеѓу тројца и петмина и одиме", рекол милијардерот, но предупредил дека не ги гледа сепаратизмот и обединување со Русија како варијанти.
"За мене Доњецк е Украина и тоа не може да биде одземено", изјавил Ахметов. Обидите за посредување на Ахметов доаѓаат откако во последните денови демонстранти ги зазедоа владините згради во источните украински градови Харков, Доњецк и Луганск, а Москва и Киев си ја префрлаат одговорноста за настаните.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров најави дека Украина се обидува да ги задуши немирите во југоисточниот дел на земјата преку натрупување на внатрешните сили и претставници на Националната гарда со учество на борци од нелегалната вооружена група "Десен Сектор ", кои соработуваат со 150 американски експерти од приватната воена компанија Greystone.
К.К.
Слично
