Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најбогатиот Украинец порача – ќе направам сè мојата земја да не се подели!

Најбогатиот Украинец порача – ќе направам сè мојата земја да не се подели!
Ринат Акхметов, најбогатиот Украинец, соопшти дека ќе даде се од себе за неговата држава да го задржи единството и територијалниот интегритет. Во соопштение објавено на интернет страницата на неговата компанија СЦМ, Акхметов предупредува дека украинската иднина е под закана и тој бара мирно решавање на кризата. Инаку, Акхметов досега важеше за близок сојузник на разрешениот украински претседател Виктор Јанукович.Тој е сопственик на најголемиот бизнис холдинг во Украина, групацијата СЦМ, која контролира речиси половина од резервите на јаглен и челик и термоелектраните во земјата. „Со цела одговорност изјавувам дека групацијата СЦМ, која денес вработува 300 илјади луѓе и ја претставува Украина од запад до исток и од север до југ, ќе направи се што е возможно за да се одржи интегритетот на нашата земја“, соопштил Акхметов. Минатата година тој беше прогласен за 47 најбогат човек на светот, а неговото богатство се проценува на 15,4 милијарди американски долари. Со сличен апел се огласија и повеќе други украински бизнисмени кои не се согласуваат со употребата на сила врз нивната земја. Милијардерите Игор Коломојски и Серхеј Тарута дури и го прифатиле повикот на новите власти во Киев да водат регионални администрации во одредени украински региони и да ги подготват за можната руска инвазија  
Слично

Поврзани вести