Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најбогатиот парламент во светот има 83 милијардери

Најбогатиот парламент во светот има 83 милијардери
Во парламентот на Кина има 83 милијардери на кои состојбата им се пресметува во американски долари, пишува CNBC. Во составот на кинеското Собрание на народните претставници, што е највисокиот законодавен орган на Кина, има 31 пратеници, чие чие лично состојба е над една милијарда долари. Во постојаниот комитет пак на Парламеното има 52 милијардери, покажува листата на кинеското издание Hurun Report. Најбогатиот пратеник е Цзун Цинхоу, основач на компанијата за безалкохолни пијалаци Wahaha. Неговото богатство се проценува на 13 милијарди долари. Кинескиот парламент е еден од многубројните во светот и се состои од три илјади пратеници, а Постојаниот комитет - од 2,2 илјади членови. Според статистиката има раст од 17% на милионерите во законодавната власт на Кина - во 2012 година имало 28 милионери во Собранието и 43-ца во Постојаниот комитет. Сепак да се направи проценка на состојбата на политичкиот врв во Кина и нивните семејства не е многу лесна задача од таа причина и најверојатно бројот на милијардери пратеници е намален. Сепак - во просек секој од 83-та милијардери во кинескиот парламент поседува 3,35 милијарди долари. Просечната годишна плата за обичните кинези е под 7 илјади долари. За споредба - во Конгресот на САД нема ниту еден милионер - ниту во Сенатот, ниту во Претставничкиот дом. Најбогат е републиканецот Мајкл Маккол од Тексас, чие богатство се проценува на околу 500 милиони долари.Ако се соберат податоци за 83-та најбогати претставници на законодавната власт во САД, тогаш резултатот ќе биде во просек богатство од само 56,4 милиони долари.
Слично

Поврзани вести