Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најбогатиот Кинез со Спилберг ќе прави филмска империја

Најбогатиот Кинез со Спилберг ќе прави филмска империја

Џек Ма, основачот на Alibaba, кој важи за најбогат човек во Кина склучи договор со режисерот Стивен Спилберг и неговата продукција Amblin за ново филмско студио кое ќе работи во Кина, а ќе продуцира филмови за светскиот пазар.

Спилберг посочи дека сака да внесе повеќе кинески елементи од културата во Холивудските филмови и обратно да ја збогати кинеската кинематографија со нови елементи. Џек Ма додаде дека не сака да мисли за филмовите во иднина, туку дека со целата своја технологија им стои на креативците на располагање.

Кина со се поголемиот интерес за странски филмови прераснува во најважниот глобален кино пазар вреден милијарди долари годишно, па сите филмски студија сакаат се поголем колач од него.


Слично

Поврзани вести