Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најбогатиот Кинез со рекордни договори годинава

Најбогатиот Кинез со рекордни договори годинава

Милијардерот Ванг Джианлин кој се движи кон создавање на империја во сферата на филмската и забавна уметност, како и кон спојување и стекнување на други компании од сферата, прави купувања на рекордни вредности оваа година .

Износот на придонесите изнесува над 16 милијарди долари, само за оваа година. Таа сума е повеќе од три пати поголема од минатогодишната.

Тоа има за цел да ја напарви компанијата на милијардерот од водечка во забавната индустрија со повеќе од 200 милијарди долари пазарна капитализација и 100 милијарди долари годишни продажби.

Целта е кинеската економија да се фокусира на внатрешната потрошувачка и зголемената средна класа, која ќе биде плодна за забавната сфера.

Претходно оваа година, милијардерот се здоби со холивудскиот „Legendary Entertainment“ за 3.5 милијарди долари и „Odeon & UCI Cinemas Group“ за 1.2 млрд. долари.

Веројатно ќе има преговори за 49% од „Paramount Pictures“, но претставници на двете компании одбија да дадат повеќе информации за ова прашање.

Слично

Поврзани вести