Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најбогатиот Кинез потроши неверојатни 28 милиони долари за слика

Најбогатиот Кинез потроши неверојатни 28 милиони долари за слика
Најбогатиот човек во Кина се најде на удар на жестоки критики во јавноста, откако неговата компанија потроши дури 28 милиони долари на слика од Пабло Пикасо. Ванда, компанијата на тајкунот Ванг Џенлин ја купи сликата „Клод и Палома” на која се претставени најмладите деца на Пикасо, на аукција минатата недела за речиси двојно повисока цена од проценката која изнесуваше 12 милиони долари. - Со тие пари, колку болни можеа да добијат лекови? Зошто не му даде нешто на општеството?- наведе еден блогер. Менаџерот на уметничката колекција на компанијата, го бранеше купувањето тврдејќи дека само компанија со култура ја разбира уметноста и ги собира најдобрите уметнички дела на светот. - Кинезите би требало да бидат горди, а не да се фокусираат на тоа колку пари се потрошени- рече Гуо Чингсјанг. Ванг, чие богатство Форбс го процени на 14 милијарди долари, неодамна се ориентираше кон уметничките кругови и минатата година го купи американскиот ланец на кина АНЦ, а во септември беше домаќин на вечерата на која присуствуваа бројни холивудски ѕвезди. Многумина ја критикуваа одлуката на компанијата да ја купи сликата, оценувајќи дека тие пари би требало да се потрошат на дела на кинески уметници.
Слично

Поврзани вести