НАЈБОГАТИОТ КИНЕЗ И ОСНОВАЧ НА АЛИБАБА ГО ПРЕДУПРЕДИ ТРАМП: Војната ќе почне, веднаш штом ќе запре трговијата!
Кинескиот милијардер и сопственик на компанијата Алибаба Џек Ма, по посетата на Доналд Трамп предупреди како војната почнува тогаш кога престане трговијата.
Говорејќи во Мелбурн на отворањето на седиштето на Алибаба во Австралија и Нов Зеланд, Џек Ма, кажал дека сите се загрижени поради „трговски војни“.
„Ако престане трговијата, почнува војната“, предупредил тој.
Да потсетиме, новиот американски претседател Доналд Трамп веднаш на почетокот на мандатот донесе одлука за повлекување на САД од Транспацифичкиот трговски договор, велејќи дека се работи за „потенцијална катастрофа за САД“, што предизвикало бурни реакции на земјите кои го потпишаа наведениот договор.
Слично
