Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најбогатиот ирански бизнисмен синоќа заврши зад решетки

Најбогатиот ирански бизнисмен синоќа заврши зад решетки
Бизнисменот и милијардер, најбогатиот човек во Иран, Бабак Занџани, синоќа беше уапсен во неговата земја. Засега не се познати причините за неговото апсење, но познато е дека иранските власти претходно почнаа истрага за неговото работење, под претпоставка дека илегално „присвоил“ околу две милијради долари од продажба на нафта. Богатството на Занџани се проценува на 13 милијарди долари, што ги заработил од продажба на сирова нафта преку фантомски компании. САД и ЕУ го ставија Занџани на својата „црна листа“ поради кршење на економските санкции против Иран.
Слично

Поврзани вести