Најбогатиот Индиец ја купи гордоста на британската круна
Мукеш Амбани, најбогатиот Индиец, го купил британскиот симбол, ланецот на продавници со играчки „Hamleys“ но вредноста на трансакцијата не е објавена, пренесе БиБиСи.
„Reliance Brands Limited“, чиј сопственик е Амбани, соопштил дека го потпишал договорот за купување на таа компанија од кинескиот „Си банер интернешенел“ кој станал сопственик на тој ланец во 2015.
„Hamleys“ е основан во 1760 година и е најстар продавач на играчки, а поседува 167 продавници во 18 земји.
„Рилајанс индастрис“ веќе управува со 88 продавници на „Hamleys“ во 29 индиски градови.
Според Форбс, 62 годишниот Мукеш Албани е тежок 50,7 милијарди долари.
„Симболичната аквизација на целокупниот светски ланец на британскиот „Hamleys“ е долго посакувано остварување на сонот-рекол Даршан Мехат, генерален директор на „Рилајнс“.
„Hamleys“ минатата година пријави загуба од 9,2 милиони фунти, обвинувајќи го Брегзит и заканата од тероризам за тоа.
Отворил четири нови продавници во Обединетото кралство но подоцна две морал да затвори.
Сепак, неговата главна продавница во лондонскиот Риџент стрит, е отворена во 1881 година, и останува една од главните градски атракции, со своите седум ката и околу 50 000 редови играчки на полиците.
