Најбогатиот Бразилец, Ејк Батиста, преку ноќ изгуби повеќе од 30 милијарди долари
Дај Боже да имаш, па да немаш - една од најтешките еврејски клетви која деновиве ја проживува Ејк Батиста, бивши милијардер кој неодамна медиумите го нарекоа бразилски Доналд Трамп. Во магазинот Форбс, уште пред година дена, беше осми најбогат човек на светот, а богатството му беше проценето на околу 30 милијарди американски долари. Но, пред неколку дена, буквално преку ноќ, изгубил 90% од своето богатство. Имено, инвестицискиот фонд од Абу Даби, Mubadala Development, преку ноќ, вложувањата во компанијата на Батиста, ги претвори во долгови, со што ја сруши вредноста на сите негови компании на невидено ниско ниво.
Cекогаш основал компании
- Тоа е најголемиот пад во историјата на вредноста на некоја компанија, утврдил финансискиот аналитичар, Марк Варнер. А до пред неколку месеци Батиста беше олицетворение на бразилскиот сон. Почнувајќи кариера уште како дете, на 17 години, и тоа како продавач на осигурања од врата на врата во Германија и Белгија, каде неговиот татко, инаку некогашен бразилски министер за рударство, работел во дипломатско претставништво, Ејк Батиста ги стекнал првите искуства во продажбата. Работата му одела толку добро, така што, кога имал 18 години и кога родителите му се вратиле во Бразил, останал сам во Европа продолжувајќи со работа како продажен претставник на една осигурувачка куќа. Кога имал 23 години, се вратил во Бразил, ја основал компанијата за промет на злато „Autram Aureum”, и само по една година и пол, имотот му се проценува на 6 милиони американски долари. Наскоро го отворил и првиот потполно механизиран рудник за злато во Бразил.
Тогаш се чинело дека само небото е граница за младиот Батиста. Cе оженил со моделот Лума Де Оливиера, почнал да се занимава и со трки со чамци. Во текот на деведесетите, држел бразилски, американски и светски рекорд во брзо возење на супермоќни чамци. Покрај тоа, непрестанувајќи, формирал нови компании и вложувал се повеќе и повеќе. Дејноста во последните 20 години, од рударство, се проширила на логистика, енергетика, нафта, бродоградилишта....
Cе чинело дека се иде „како подмачкано“, а уште минатата година Батиста најавуваше како до 2015 година планира да го тргне од тронот најбогати луѓе на денешницата, Мексиканецот Карлос Cлим.
Долговите само растеле
А потоа се тргнало по зло. Компаниите на Батиста, на почетокот од оваа година, поради низа проблеми, почнале да заработуваат се помалку и помалку, а долговите растеле. Наместо предвидените 750.000 барели на ден, нафтената компанија на Батиста црпела само 15.000 барели. Cе задолжувал каде можел, но работата едноставно не се зголемувала. На инвестицискиот фонд од Абу Даби пред неколку дена му „прекипело“ и своите вложувања ги претворил во побарувања, а вредноста на комапниите на Батиста драстично паднала.
Извор Вечерњи лист
Слично
