Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најбогатиот банкар во светот обвинет за корупција

Најбогатиот банкар во светот обвинет за корупција

Обвинителството во Бразил го обвини за корупција 77-годишниот банкар Џозеф Сафра.

Тој се смета за најбогатиот банкар во светот, а неговата состојба, според американското издание „Fortune“, изнесува околу 18,6 милијарди долари.

Покрај бразилскиот милијардер од сириско потекло, обвиненија се покренати и на петмина вработени на холдингот „Сафра груп“ (Safra Group), соопштија агенциите.

Тие се обвинети за давање мито на чиновници, за да добијат намалување на даноци.

Вкупниот износ на митото се проценува на 4,2 милиони долари, а обвинетите ја оштетиле државата со речиси 500 милиони.

„Криминалните намери на компанијата се очигледни од бројните разговори и размена на пораки кои се во прилог на обвинението“, наведуваат обвинителите, цитирани од „Фајненшл тајмс“.

Од „Сафра груп“ ги определија обвинувањата како неосновани.

Слично

Поврзани вести