НАЈБОГАТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМА СТРОГИ ПРАВИЛА ЗА СВОИТЕ ВРАБОТЕНИ: Смеат да слушаат музика, но поради едно нешто веднаш добиваат отказ
Милијардерот Илон Маск, кој моментално е на врвот на листата на Форбс на најбогати луѓе во
светот, неодамна испрати два мејла
до неговите вработени.
Во првиот мејл, Илон Маск напиша дека поддржува слушање музика за време на работното време, како и сите други ситници кои можат да им помогнат на вработените повеќе да уживаат во својата работа. Тој го крена „палецот горе“ на сите што сакаат да носат слушалки, но само доколку слушалката ја имаат само на едното уво, а со другото да се во моѓност да ги слушнат сите потребни информации.
Исто така, тој откри дека нема ништо против музиката да се пушта на звучник, но само доколку работниците претходно се договорат за изборот на музиката. Покрај тоа, тој ги повика сите вработени да контактираат со него доколку имаат идеи како да си го подобрат денот, бидејќи му е важно тие со радост да доаѓаат на работното место.
Во вториот мејл, кој го испратил до менаџерите, јасно кажал како треба да постапат кога ќе им ги праќа инструкциите и како треба да се однесуваат со нив. Има три начини на кои тие треба да постапат, во спротивно од менаџерите ќе биде побарано веднаш да го напуштат работното место.
Првата работа што можат да ја направат кога Маск ќе им испрати мејл е да му одговорат, односно да му објаснат зошто грешат. Втората работа е дека во случај мејлот да е напишан на двосмислен или нејасен начин да побараат дополнително објаснување, а третата работа е да го направат тоа што се бара од нив.
