НАЈБЛИСКИОТ СОРАБОТНИК ЌЕ БИДЕ ЖРТВЕНОТО ЈАГНЕ НА ПУТИН: Институтот за војна кажа кого Русија ќе обвини за неуспесите во Украина
Институтот за проучување на војната во својот најнов
извештај соопшти дека додека руската воена мобилизација продолжува да се
соочува со предизвици и негодувања во јавноста, рускиот претседател Владимир
Путин ќе се обиде да го прокаже министерот за одбрана Сергеј Шојгу како
„жртвено јагне“. ISW заклучува дека се чини дека Шојгу наскоро ќе биде обвинет
за неуспесите на Путин во Украина.
Според Институтот, одговорот на Путин кон жестоките критики за неговиот неуспех во Украина ќе биде приближување до „радикалните елементи на неговата база“, вклучувајќи го и чеченскиот лидер Рамзан Кадиров. „Најавата на Кадиров дека Путин му го доделил чинот генерал-полковник укажува на подготвеноста на Путин да ја смири базата силовики, која почна жестоко да ја критикува позицијата на Министерството за одбрана“, открива ISW.
Институтот пишува и за голема контраофанзива. „Украинската контраофанзива во областа на Харков сè уште не кулминирала, еден месец по успешните операции, а сега се движи кон Луганск“, велат тие.
ФОТО: EPA