НАЈБАРАНИОТ ТЕРОРИСТ: Салах Абдеслам се крие во Брисел?
Терористот Салах, кој е осомничен за учество и клучна улога во нападите во Париз, е жив и се крие во Брисел, пренесува британскиот „Дејли мејл".
Најбараниот терорист Салах, наводно разговарал преку скајп со тројца пријатели кои требало да му помогнат да стигне до Сирија.
Двајцата пријатели му рекле на неговиот брат Мухамеди дека ги контактирал. „Мислам дека не е далеку" рекол Мухамед Абдеслам на прашање околу разговорот со неговиот брат и шпекулацијата дека тој се крие во Брисел.
Мухамед побарал од неговиот брат да се предаде и да контактира со власите.
Инаку, француските власти распишаа потерница за Салах Абдеслам, а во земјата веќе втор ден има засилени мерки за безбедност.
Слично
