Најбараниот британски затајувач на данок уапсен во Кипар
Во Кипар е уапсен еден од најбараните британски „даночни бегалци“ Мајкл Вудури. Овој 46-годишен бизнисмен од шкотската област Стерлингшајр, успеал тајно да префрли од Велика Британија во странство над десет милиони фунти, користејќи ги услугите на разни кипарски, грчки и швајцарски банки.
Вишиот суд во Глазгов во 2012 година го прогласи за виновен Вудури за измами со данокот за додадена вредност и за перење пари, но не му изрече казна.
Британецот е уапсен во северните делови на Кипар, откако беше откриено дека ги прекршил имиграциските прописи. Вудури беше сослушан од судот во Никозија, но засега против него нема подигнато обвинување.
Во август минатата година Вудури беше ставен на листата на британската Влада за најголемите данични измамници кои се во бегство. Неговите двајца соработнци се осудени на четири односно на 2,5 години затвор.
