Најава за Трета светска војна стигна од еден политичар
За можна Трета светска војна зборува турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган и изјави дека Турците ќе бидат подготвени за сите можности, соопштува сајтот Хаберлер.
Ердоган ги споменува базите на САД во Сирија.
„Тие изградија 20 бази во Сирија. Зошто биле изградени? Првото што доаѓа на ум, е Турција и Иран. Веројатно не Русија. Ова всушност значи Трета светска војна. Ние ќе бидеме подготвени за сè!“- вели Ердоган.
Ердоган праша што прават САД во Сирија. „
Можеби Америка има граница дотука“ - рече тој.
Тој ги критикуваше коалициските сили дека дејствуваат заедно со сириските Курди Сили за заштита на народот (СЗН), кои Турција ги смета за терористичка организација.
„На местото каде што тие испратија толку оружје и муниција, ние заедно со нашата Црвена полумесечина и АФАД (Дирекцијата за управување при катастрофи и вонредни ситуации при владата на Турција – н.з.) доставуваме хуманитарна помош, тоа е разликата меѓу нас“- рече турскиот претседател.
Ердоган додаде дека разговарал за овие прашања со досегашниот државен секретар на САД, Рекс Тилерсон.
