Економија, финансии, бизнис

Контакт

Награда за секој што ќе достави точни информации за исчезнатиот малезиски авион

Награда за секој што ќе достави точни информации за исчезнатиот малезиски авион

Летот МХ 370 на Малезија Ерлајнс, со 239 патници и членови на екипажот, исчезнат е без секаква трага точно три месеци. Роднините на патниците се во очај. Ниту по три месеци немаат никакви информации за судбината на нивните блиски.

Затоа тие се организираа во обид да соберат пет милиони долари за да продолжи истрагата, но и за да се обезбеди парична награда за секоја релевантна информација која ќе помогне да биде пронајден авионот.

„Ова е мистерија, која е без преседан во историјата на воздухопловството, и ние треба да работиме колективно, како заедница со една цел за наоѓање на вистината, авионот и патниците", рече Итан Хант, лидер на проектот.

Тој е уверен дека некој знае што се случило со авионот, а парите ќе бидат поттик за тоа лице да се јави и да фрли светлина на веројатно најголемата воздухопловна мистерија во историјата.

Слично

Поврзани вести