НАГРАДА ЗА МИР ЗА МЕРКЕЛ: Taa жали што времето на војните во Европа не заврши
Екс германската канцеларка Ангела Меркел ја доби наградата за мир на УНЕСКО во Брегот на Слоновата Коска. Наградата ја доби поради нејзината одлука да прифати над 1,2 милиони мигранти во Германија.
Беше кажано дека Меркел покажала политичка храброст кога Германија ги пречека бегалците кои побегнаа од конфликтите во Сирија, Ирак, Авганистан и Еритреја помеѓу 2015 и 2016 година.

„Мислевме дека времето на војните во Европа помина, но од 24 февруари минатата година, кога се случи жестоката агресија на Русија врз Украина, дојдовме до тажен заклучок дека тоа не е така. Војната ја потресе Европа до нејзините корени“, рече Меркел.
Наградата за мир „Феликс Хуфе Буње“ која денеска е доделена на Ангела Меркел, го носи името на првиот претседател на Брегот на Слоновата Коска по независноста од Франција во 1960 година, а наградата беше доделена во Јамусукро, главниот град на Брегот на Слоновата Коска и родниот град на Хуфе-Буње.
