Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нагло скокнал бројот на заразени во светот, но омикрон нема да биде последен сој

Нагло скокнал бројот на заразени во светот, но омикрон нема да биде последен сој

Oмикрон, сојот кој го „освојува“ светот,  веројатно нема да биде последен. Ова го тврдат од Светската здравствена организација(СЗО). 

„Би сакал (да беше последната варијанта), но ми се чини дека тоа е малку веројатно во моментов. Гледаме висока стапка на инфекции и висока стапка на пренесување на омикрон. Има и големи проблеми со иминузацијата, милијарди луѓе ширум светот сѐ уште не се вакцинирани“, изјави директорот на програмата за идни случаи при организацијата, Мајкл Рајан.

Омикрон се чини помалку силна варијанта на коронавирусот од претходно доминантната делта, но не би требало да се категоризира како блага, изјави шефот на Светската здравствена организација Тедрос Адханом Гебрејесус.

Неговата колешка Марија фан Керкхофе вели дека бројот на новоинфицирани во светот се зголемил за 71 отсто во изминатата недела, а во Америка за 100 отсто. Но, бројот на починати се намалил. Омикрон лани се појави во Јужна Африка, а сега е присутен насекаде низ светот. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести