Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нафтени компании под истрага поради местење на цени

Нафтени компании под истрага поради местење на цени
Претрес на просториите на неколку нафтени компании извршиле инспектори на Европската комисија поради сомневања  околу местења на цени. Во соопштението, во кое не се наведуваат имињата на компаниите, се истакнува дека самиот претрес не значи дека се подигнати обвиненија. Компаниите „Бритиш петролеум“, „Ројал дач шел“ и норвешкиот „Стат оил“ потврдиле дека соработувале со властите во врска со оваа истрага. Истрагата се однесува на цената на нафтата, нафтените деривати и биогорива. Еу соопштува дека станува збор за „ненајавена инспекција“, која е прелиминарен чекор во истрагата околу недозволени активности на фирмите во борбата против корупцијата.
Слично

Поврзани вести