Нафтената дамка не била од малезискиот авион – мистеријата станува уште поголема!
Лабораториските тестирања покажале дека нафтената дамка пронајдена во морето на 150 километри јужно од виетнамскиот остров Чу воопшто не е поврзана со исчезнатиот малезиски авион, по кој се трага три дена.
Истражните органи веруваа дека дамката е прв траг за авионот на Малезија ерлајнс, но испитувањата во лабораторија ги демантираа ваквите очекувања.
Никаква поврзаност со авионот не била пронајдена ниту кај жолтиот објект кој бил пронајден како плови во морето источно од брегот на Виетнам.
Со ова, исчезнувањето на авионот од типот Боинг 777-200ЕР , со 239 патници и членови на екипажот, станува вистинска мистерија. Иако речиси три дена по авионот од летот МХ370 трагаат седум земји, од него нема никаква трага.
Потрагата по авионот се уште трае.
Слично
