Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нафтата во пад во почетокот на неделата

Нафтата во пад во почетокот на неделата

Цените на нафтата во почетокот на неделата продолжија да паѓаат, бидејќи нема знакови дека високото ниво на глобални залихи на тој енергент во догледно време ќе биде намаленo, наведуваат аналитичарите.

Американската „лесна“ нафта (WTI) за испорака во септември поефтинила на Њујоршката берза 51 цент, на 41,99 долари што е најниско ниво од март 2009, додека нафтата од типот „брент“ за октомвриската испорака во Лондон поефтинила 57 центи, на 49,62 долари, спуштајќи се под психолошката граница од 50 долари за барел.

WTI и „брент“ во петокот поскапеа откако претходниот ден поефтинила на најниското ниво во последните шест и пол години.

Податоците од САД покажаа дека бројот на бунари во таа земја минатата недела пораснале а тоа е шест раст во последните седум недели, наведуваат аналитичари.

Доларот денес зајакна после солидните економски податоци кои ги поттикнаа очекувањата дека каматните стапки во САД наскоро ќе пораснат, бидејќи Кина минатата недела го изненади пазарот и го девалвираше јуанот. Силниот долар ја прави нафтата поизразена во таа валута поскапа за купувачите кои употребуваат послаби валути, што ја намалува побарувачката.

„Девалвацијата на јуанот ги ослабна валутите на пазарот во раст. Тоа е лоша вест за нафтата, бидјеќи, таа , изразена во долари, станува поскапа за земјите кои ја увезуваат, наведува шефот на азиско-пацифичкиот сектор за нафта и гас на компанијата „Ernst||Young, Sanjev Gupta“.

Слично

Поврзани вести