Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нафтата скокна и надмина 104 долари за барел: еве што се случува на утринското тргување

Нафтата скокна и надмина 104 долари за барел: еве што се случува на утринското тргување

Цената на нафтата на лондонскиот пазар утринава изнесува 104 долари за барел, за разлика од вчера кога нејзината цена беше 101 долар.

Биткоин

Пазарот на криптовалути од утрово е во зелено. Вредноста на Биткоинот е 20.420 долари, што е зголемување за повеќе од 3 отсто во споредба со вчера. Други криптовалути се исто така во плус.

До почетокот на следната година руското производство на нафта ќе се намали за 20 отсто

Според Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА), руското производство на нафта треба да падне за приближно 20 отсто до почетокот на следната година, кога ќе стапи на сила забраната за увоз во Еврoпската унија, пишува списанието „Недеља“ на Националниот комитет за нафта на Србија, повикувајќи се на Блумберг.

Постепениот пад ќе започне веќе овој месец бидејќи Русија ќе го намали рафинирањето и ќе се забрза со стапувањето на сила на ембаргото, се вели во извештајот на ИЕА.

Агенцијата очекува дека до почетокот на 2023 година намалувањето на руското производство ќе биде близу два милиони барели дневно и покрај закрепнувањето во последните неколку месеци.

Европската унија ќе го запре поголемиот дел од купувањата на сурова нафта од Русија од 5 декември, во согласност со санкциите поради нејзината воена интервенција во Украина. Забраната на ЕУ за испорака на руски нафтени деривати стапува на сила на 5 февруари.

Според проценките на IAE, околу еден милион барели нафтени деривати и 1,3 милиони барели руска сурова нафта дневно ќе треба да најдат нови клиенти поради планираните ограничувања на ЕУ.

Производството на руска нафта се зголеми во изминатите три месеци, достигнувајќи речиси 10,8 милиони барели дневно во јули во услови на зголемена домашна преработка на сурова нафта и силниот извоз, бидејќи земјата го пренасочува протокот на сурова нафта кон Азија.

Бидејќи западните држави и нивните сојузници воведоа неколку бранови енергетски санкции кон Русија, таа земја успешно го пренасочува извозот на сурова нафта во Азија. Во јуни Кина за првпат ја престигна ЕУ и стана водечки пазар за руска нафта. Азиската земја увезувала 2,1 милиони барели дневно во споредба со 1,8 милиони барели дневно во ЕУ, се вели во извештајот на IAE.


Слично

Поврзани вести