Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нафтата поскапе по веста за отворањето на нафтоводот во САД

Нафтата поскапе по веста за отворањето на нафтоводот во САД
Цените на нафтата денеска пораснаа по вестите дека дел од големиот американски нафтовод би можел да биде отворен идниот месец, што би довело до намалување на залихите, коментираат аналитичарите. Барел американска нафта (WTI) за испорака во јануари на меркантилната берза во Њујорк, поскапе за 1,18 долари на 97,22 долари по барел, додека истата количина на нафта од типот „брент“ на пазарот во Лондон чинеше 112,88 долари, односно 26 центи повеќе отколку на крајот од вчерашното тргување, пренесува Франс прес. WTI поскапе за 2,22 долари во Њујорк откако канадската компанија TransKanada која го гради нафтоводот Кистон наведе дека јужниот дел од нафтоводот на 3. јануари ќе почне да пренесува нафта од резервите до тексашките рафинерии.    
Слично

Поврзани вести