НАФТАТА ПОРАСНА: Што ги турна цените нагоре?
ЦЕНИТЕ на нафтата пораснаа на меѓународните пазари поради послабиот долар, откако стравувањата на инвеститорите од недоволна понуда донекаде се избалансираа со нивните очекувања дека зголемувањето на каматните стапки во САД ќе влијае на економскиот раст и следствено на тоа да ја поттикне побарувачката.
Цената на барелот на лондонскиот пазар во понеделникот порасна за 79 центи во однос на претходното затворање, на 103,99 долари. На американскиот пазар со барел се тргуваше по 82 центи поскап, по 95,52 долари.
„Нешто послабиот американски долар и растот на акциите на светските берзи ги поддржаа цените на нафтата“, рече Џовани Стауново од UBS.
Teрминските цени на нафтата беа нестабилни во последниве недели, бидејќи трговците балансираат помеѓу очекувањата за понатамошно зголемување на каматните стапки, што би можело да ја ослабне економската активност и на тој начин да го намали растот на глобалната побарувачка за горивото, како и стравувањата дека снабдувањето со нафта е недоволно поради прекините во руската трговија со нафта по Западните санкции наметнати за Русија поради војната во Украина.
„Зголемените стравувања од глобална рецесија укажуваат на тоа дека растот на цената на нафтата веројатно ќе биде ограничен на краток рок, без оглед на геополитичките случувања“, рече Џефри Хали од ОАНДА.
