Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нафтата падна на рекорден минимум во пресрет на состанокот на ОПЕК

Нафтата падна на рекорден минимум во пресрет на состанокот на ОПЕК
И покрај очекувањата дека состанокот на земјите-извознички на нафта во Виена ќе донесе намалено производство и повисоки цени на „црното злато“, сепак, во пресрет на клучната средба берзите не сигнализираат таква можност. Утрово, цената на нафтата на светските берзи се спушти на рекордно најниското ниво во изминатите четири години. Барел сирова нафта за јануарска испорака чини 76,49 долари на берзата во Лондон, додека барел нафта од типот „брент“ чини 78,76 долари. Цените и натаму паѓаат под влијание на шпекулации дека ОПЕК во Виена нема да донесе одлука за намалување на производството. Пазарните играчи претпоставуваат дека барел нафта може да поевтини и до 60 долари за барел, доколку производството остане на сегашното ниво. ОПЕК последен пат ги намали производните квоти во 2008 година. Некои членки на картелот, како Иран, Ирак, Нигерија, Венецуела и Еквадор се залагаат истиот чекор да се преземе и сега, загрижени заради надолниот тренд на цената на нафтата и начинот на кој тој се одразува врз нивбите економии. Но, највлијателните членки - Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Кувајт се против, најмногу, се верува, затоа што со ниските цени можат да останат конкурентни на американскиот пазар, каде им се закануваат домашните производители на нафта од шкрилци.  
Слично

Поврзани вести