Нафтата падна до ценовно ниво од 2009 година
Вредноста на септемвриските испораки на нафта од типот „Brent“ на Лондонската берза „ICE Futures“ се симна пред неколку минути до 49.08 долари за барел, соопшти „Асошиејтед прес“.
Ова е рекордно низок показател на трговијата со суровина од март 2009 година.
Продолжи и намалувањето на цената на црното злато во Њујорк.
Таму котирањата достигнаа 44л 94 долари за барел и покрај денешните информации за намалување на резервите на САД со 1%.
Првото спуштање на цената на нафтата под 50 долари беше регистрирано на 3 август, и од тогаш очигледно трендот се задржува.
Слично
