Нафтата „не го рецка“ договорот на ОПЕК: Цените утрово во пад!
Цените на нафтата се ориентирани кон пад утрово во Азија.
Пазарот е на пат да го проголта најавениот изненадувачки договор од минатата недела на ОПЕК за намалување на производството.
Во средата Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) донесоа изненадна одлука да го намалат производството до ниво меѓу 32,5 и 33 милиони барели дневно, додека во август ископувањето на нафта беше 33,47 милиони барели.
Многу прашања сепак останаа околу примената на овој договор и за нивото на производството во однос на секоја земја.
Средбата на 30 ноември би требало да даде јасен поглед кон проблемот.
Кон 03:00 часот американската сирова нафта (WTI) со испорака во ноември загуби со 28 центи до 47,96 долари во електронска трговија во Азија.
Нафтата „Брент“, која е европска сорта, исто со испорака во ноември, загуби 24 центи и стигна до 49,95 долари.
По првичното зголемување од 6% со последното прогласување на договорот минатата недела, цените отстапуваат.
