Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нафтата направи тешки проблеми и во Мексико

Нафтата направи тешки проблеми и во Мексико

Мексичката влада најави кратење на буџетот за тековната година за речиси 7,3 милијарди долари.

Најголеми заштеди ќе бидат во државната нафтена компанија Пемекс поради падот на цените на нафтата и глобалната загриженост во поглед на забавувањето на растот на кинеската економија.

Во координирана акција, центранлата банка на Мексико ја подигна референтната каматна стапка за 50 базни поени, на 3,75 одсто, како би се изборила со депрецијацијата на пезосот кон доларот, пренесе ФП.

Споменатото кратење на јавната потрошувачка е еднакво на 0,7 одсто од БДП се наведува во соопштението на мексичкото министерство за финансии и се додава дека ваквата одлука е последица на колебањето на меѓународните финансиски пазар кои се погодени од цената на нафтата, потоа подигање на каматните стапки во САД и ризикот кои се заканува поради забавувањето на растот на глобалната економија , а посебно на Кина.

Мексичката влада веднаш ќе ја скрати јавната потрошувачка за 1,7 милјарди долари, додека директорот на Пемекс наредната недела на управниот одбор на компанијата ќе му предложи да го намали нејзиниот буџет за 5,5 милијарди долари.

Пемекс веќе минатата година ја намали потрошувачката за 11,5 одсто, а во третиот минатогодишен квартал укнижи загуба од 10,2 милијарди долари наведува Франс прес.

Слично

Поврзани вести