Економија, финансии, бизнис

Контакт

Надворешниот долг на Русија во 2012 година пораснал за 41,8%

Надворешниот долг на Русија во 2012 година пораснал за 41,8%
Надворешниот долг на Русија во 2012 година е зголемен за 41,8%, пресметано во долари, покажуваат податоците на Министерството за финансии на Русија. Како што пренесуваат руските медиуми, доколку се пресметува во евра, долгот е зголемен за 38,6%. На 1 јануари 2013 година, обемот на надворешниот долг на земјата бил 50,77 милијарди долари или 38,33 милијарди евра. Во 2011 година, рускиот надворешен долг во споредба со 2010 година бил намален за 10,4 проценти, пресметано во долари, а за 8,4% пресметано во евра, пренесуваат странските медиуми.
Слично

Поврзани вести