Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАДВОР ОД ПОЛИТИКАТА: Што ќе изгуби Украина на Крим?

НАДВОР ОД ПОЛИТИКАТА: Што ќе изгуби Украина на Крим?
Со припојување на Крим, Русија ќе ја добие важната поморска база во Севастопол, за која сега ú плаќа кирија од 100 милиони долари годишно на Украина. Но ова ни оддалеку не е најголема и единствена придобивка за Русите, а загуба за Украинците, доколку жителите на Крим денеска одлучат дека сакаат да продолжат во сојуз со Москва наместо со Киев. Туризмот е исклучително важна гранка, која на Крим му носи 40% од годишните приходи, од кои дел одат и во украинскиот буџет. Остатокот од заработувачката доаѓа од разработената индустрија и инфраструктурата. Еве што губи Украина со отцепувањето на оваа област: Поморски пристаништа и бродоградилишта Со анексија на Крим русија автоматски би добила повеќе од 200 бродови и бројни поморски пристаништа на Црното и Азовското Море. Од комерцијалните пристаништа тука се Евпаторијски, Јалта, Черноморск, Крим и Керч. Тука се и бродоградилиштата кои се наоѓаат на Крим. Бродоградилиштето Феодозија произведува бродови за Кина, а Украина би го загубила и бродоградилиштето во Севастопол. Индустрија Најважни индустриски градови на Крим се Џанкој, Красноперекопск и Армјанск. Најважни индустриски гранки се прехранбената, хемиската индустрија, обработката на метали и производството на горива. Крим има 550 големи компании и фабрики, областа е богата со нафта, гас и рудни богатства. Со отцепувањето, Украина би ги загубила фабриките за преработка на железна руда, фабриката за машини Џанкој, фабриките за преработка на метал и за производство на градежен материјал во Керч, фабриката за тули во Феодезија. На Крим постојат и фабрики за производство на бром и на титан. Русија би добила и фабрика за преработка на риба на Јалта, фабрики за кожа, за тутн, за газирани пијалоци и конзервирана храна, фабрика за волна и пердуви како и многу фарми. Енергетика Крим и самиот произведува големи количества енергија од разновидни електрани, а во најголем дел тоа е енергија произведена од обновливи извори, како што се ветерници и соларни електрани. Од сопствено производство Крим покрива речиси 20% од потребната електрична енергија. На полуостровот има три класични термоелектрани - Симферопол (68 мегавати), Камиш- Бурун (30 мегавати) и Саки (20 мегавати). Но, дури четири соларни електрани се сместени на Крим со вкупен капацитет од 227,5 мегавати. Две од нив се најголеми во Европа, а на светско ниво се наоѓаат на 4 и 6 место. Соларната електрана Перово е со капацитет од 106 мегавати е најголема во Европа и 4-та во светот; Охтоноковско со 82 мегавати е втора во Европа и 6-та во светот, Митјаево со 32 мегавати и Родниковскаја со 7,5 мегавати. Сепак тоа не е се бидејќи Крим  има и седум електрани на ветер со вкупен производен капацитет од 68,2 мегавати и со 551 ветротурбини. Крим има и неколку полиња со природен гас на море и на копно, а сите се поврзани со украинскиот систем на гасоводи. Винска индустрија и земјоделство Крим има многу винарии, а производството на вино е специјалност на оваа покраина. Русија со припојувањето на Крим ќе добие врвни винарии, како што е Коктебело, каде што се произведуваат вина и коњак. На Кримскиот Полуостров има и фабрика за шампањ. Таму е и Националните здруженија за производство и земјоделство Сончева Долина и Масандра, како и Националниот институт за вино и грозје Магарач. Сите овие капацитети се доказ дека евентуалната одлука за припојување на Крим кон Русија ќе има не само политички, туку и сериозни економски последици врз Укрина.  
Слично

Поврзани вести