НАДОМЕСТ: 50.000 долари за секој исчезнат патник во малезискиот авион
Семејствата на патниците од исчезнатиот малезиски авион МХ 370 започнаа да го добиваат првичниот надоместо од 50.000 долари од осигурителните компании.
Веќе се исплатени шест семејства од Малезија и едно од Кина, а во моментот се разгледуваат барањата на уште 40-тина кинески семејства.
Малезискиот авион е исчезнат повеќе од три месеци, од 8 март кога му се изгуби секаква трага на летот од Куала Лумпур до Пекинг. Опсежната меѓународна потрага по леталото до сега не даде никакви резултати.
Во авионот патуваа 239 патници и членови на екипажот, а нивнитер семејства можат да поднесат барања за отштета, кои во зависност од осигурувањето можат поединечно да достигнат и до 175 илјади долари.
Иако малезиската Влада уште не го прогласила авионот за загубен, дел од осигурителните компании предводени од германската Алијанц веќе започнале да го исплаќаат надоместокот.
Слично
